Tuesday, December 4, 2012

Светот на принцезите




Новогодишни попусти


Акција

  • Изработени од квалитетно буково дрво
  • седење и потпирање на високо еластичен сунгер
  • изработка во  квалитетни штофови и еко кожи
  • Можност за бирање на аголот
  • Моделот може да се нарача во над 100 бои на штофови и еко кожа
  • Високо квалитетна финална изработка
                                                                      

Историја,седиште и контакт

Турбулентното време во кое живееме денес и насоката во која го носиме целокупното живеење на општеството се причина за создавање на големи можности за млади претприемачи, кои се подготвени да видат шанса за деловен успех во таквите појави. Согледувајќи дека Македонија е земја во која сегашноста, а со голема сигурност и иднината, ќе изобилува со планови и проекти за модернизирање и осовременување на градежните објекти во макро план, тимот на нашите млади претприемачи увиде дека таквата можност е поволна за искористување и се одлучи за основање на сосема ново трговско- услужно претпријатие на пазарот за уредување на интериер, под името „Интер Мебел“.
 „Интер Мебел“ е со седиште во град Струмица, лоцирано на улицата „Моша Пијаде“ бр.2.
Примарно, „Интер Мебел“, соработувајќи директно со докажани производители на производи од дејноста, врши набавка на својот понуден асортиман, кој е во согласност со модните движења и актуелните трендови од дејноста, потребите и можностите на потрошувачите, стандардите за квалитет и слично. Подоцна тој спектар на производи се нуди на потенцијалните клиенти преку софистицираниот изложбен центар на „Интер Мебел“, нашата веб-продавница, каталозите и слични печатени материјали. Дистрибуцијата, на продадените добра, е извршена од страна на специјализиран тим кој се труди да ја исполни должноста, секој купувач да биде услужен според сите стандарди за квалитетна услуга. Интерната политика на претпријатието е создавање на мотивирана маса на вработени кои по своја иницијатива ќе создаваат прогрес во равојот на „Интер Мебел“. Поставените цели, кои се наша водилка и патоказ, се во целосна согласност со реалноста. Според тоа, не очекуваме дека уште во првата година од нашето дејствување ќе го освоиме меѓународниот пазар, но оптимисти сме и сметаме дека нашето работење во голема мера ќе резултира со успех ќој се согледува како според економските така и според општествените показатели.
Датум на регистарција 25.10.2012.
контакт:Менаџер- Ангелика Кречева mail: angelikakreceva@yahoo.com

Саем за мебел 2012




Интер мебел на Саемот за мебел 2012 се здоби со наградата - Најмодерен дизајн за 2012 .

За нас

Во е-продавницата е достапен визуелен и информативен приказ за голем број расположливи производи.Воедно договорите за купопродажба меѓу Интер мебел и потенцијалниот купувач може да се склучи без директна средба.Производите имаат таков карактер што се прилагодливи и соодветни за таквиот начин на искористување на ширењето на интернетот.Дополнително нашите продажно изложбени центри се опремени според највисоките стандарди со цел потрошувачитеда се чувствуват пријатно во создадениот амбиент.Плочките во завршна фаза (со лајсна и фуга) се изложени прототипи за да може заинтересираниот купувач да ја создаде потребната слика за производот.Помал дел од останатите проиизводи се директно изложени во продажните центри, а најголем дел се прикажени во богати текаталози, брошурии компјутерски фајлови.Во нашите претставништва купувачот го пречекува љубезно настроени експерти за продажба кои се достапни да одговорат на нивните прашања, да даваат сугестии,совети и информаци.Доколку лицето се реши да купи нешто од расположливиот асортиман ,стоката ќе му биде доставена директно до неговиот дом или канцеларија со наше превозно средство во најбрз можен рок и со специјализирани лица за товар, растовар и монтажа.
Нашиот пазар е солидно снабден со производите од дејноста со која Интер мебел се занимава.Претпријатијата кои дејствуват во истата област се во голем број од кои некои се мали семејни фирми и покриват мал дел од пазарот , а некои ја имаат водеачката улога на локалниот пазар .Сепак со оглед на тоа дека сродните дејности на нашата (градежништвото,продажбата на недвожности ,хотелиерството и сл.) се прошируват во сепоголем обем ,тоа претставува шанса за успех и за влез на нашето претпријатие на пазарот.

Фотографии

 

Интер мебел сега е достапен и во светот на интернет.Тоа ги прави нашите производи достапни 24/7 и ги руши временските како и просторните бариери.