Tuesday, December 4, 2012

За нас

Во е-продавницата е достапен визуелен и информативен приказ за голем број расположливи производи.Воедно договорите за купопродажба меѓу Интер мебел и потенцијалниот купувач може да се склучи без директна средба.Производите имаат таков карактер што се прилагодливи и соодветни за таквиот начин на искористување на ширењето на интернетот.Дополнително нашите продажно изложбени центри се опремени според највисоките стандарди со цел потрошувачитеда се чувствуват пријатно во создадениот амбиент.Плочките во завршна фаза (со лајсна и фуга) се изложени прототипи за да може заинтересираниот купувач да ја создаде потребната слика за производот.Помал дел од останатите проиизводи се директно изложени во продажните центри, а најголем дел се прикажени во богати текаталози, брошурии компјутерски фајлови.Во нашите претставништва купувачот го пречекува љубезно настроени експерти за продажба кои се достапни да одговорат на нивните прашања, да даваат сугестии,совети и информаци.Доколку лицето се реши да купи нешто од расположливиот асортиман ,стоката ќе му биде доставена директно до неговиот дом или канцеларија со наше превозно средство во најбрз можен рок и со специјализирани лица за товар, растовар и монтажа.
Нашиот пазар е солидно снабден со производите од дејноста со која Интер мебел се занимава.Претпријатијата кои дејствуват во истата област се во голем број од кои некои се мали семејни фирми и покриват мал дел од пазарот , а некои ја имаат водеачката улога на локалниот пазар .Сепак со оглед на тоа дека сродните дејности на нашата (градежништвото,продажбата на недвожности ,хотелиерството и сл.) се прошируват во сепоголем обем ,тоа претставува шанса за успех и за влез на нашето претпријатие на пазарот.

No comments:

Post a Comment