Tuesday, December 4, 2012

Историја,седиште и контакт

Турбулентното време во кое живееме денес и насоката во која го носиме целокупното живеење на општеството се причина за создавање на големи можности за млади претприемачи, кои се подготвени да видат шанса за деловен успех во таквите појави. Согледувајќи дека Македонија е земја во која сегашноста, а со голема сигурност и иднината, ќе изобилува со планови и проекти за модернизирање и осовременување на градежните објекти во макро план, тимот на нашите млади претприемачи увиде дека таквата можност е поволна за искористување и се одлучи за основање на сосема ново трговско- услужно претпријатие на пазарот за уредување на интериер, под името „Интер Мебел“.
 „Интер Мебел“ е со седиште во град Струмица, лоцирано на улицата „Моша Пијаде“ бр.2.
Примарно, „Интер Мебел“, соработувајќи директно со докажани производители на производи од дејноста, врши набавка на својот понуден асортиман, кој е во согласност со модните движења и актуелните трендови од дејноста, потребите и можностите на потрошувачите, стандардите за квалитет и слично. Подоцна тој спектар на производи се нуди на потенцијалните клиенти преку софистицираниот изложбен центар на „Интер Мебел“, нашата веб-продавница, каталозите и слични печатени материјали. Дистрибуцијата, на продадените добра, е извршена од страна на специјализиран тим кој се труди да ја исполни должноста, секој купувач да биде услужен според сите стандарди за квалитетна услуга. Интерната политика на претпријатието е создавање на мотивирана маса на вработени кои по своја иницијатива ќе создаваат прогрес во равојот на „Интер Мебел“. Поставените цели, кои се наша водилка и патоказ, се во целосна согласност со реалноста. Според тоа, не очекуваме дека уште во првата година од нашето дејствување ќе го освоиме меѓународниот пазар, но оптимисти сме и сметаме дека нашето работење во голема мера ќе резултира со успех ќој се согледува како според економските така и според општествените показатели.
Датум на регистарција 25.10.2012.
контакт:Менаџер- Ангелика Кречева mail: angelikakreceva@yahoo.com

No comments:

Post a Comment